Метео

Курс

Држава Валута Среден курс
EUR 61.50
USD 43.40
GBP 70.46
CHF 48.99
Казина

КАЗИНО АПОЛОНИЈА
КАЗИНО ФЛАМИНГО
КАЗИНО ПРИНЦЕС
ПОВЕЌЕ...
Сместување

ХОТЕЛ АПОЛОНИЈА
ХОТЕЛ КАЗИНО ФЛАМИНГО
ХОТЕЛ КАЗИНО ПРИНЦЕС - РАМАДА ПЛАЗА
ХОТЕЛ ПЕЛАГОНИЈА
ПОВЕЌЕ...
Ресторани и пицерии

РЕСТОРАН БОКО
РЕСТОРАН ЕЛИТА
РЕСТОРАН АСТОРА
ПИЦЕРИЈА ЕЛДОРАДО
ПИЦЕРИЈА БАКАРДИ
ПИЦЕРИЈА ЕНЏОИ
ПОВЕЌЕ...

Градот Гевгелија

Доколку сакате да поминете еден ден во Гевгелија, тогаш вистински предизвик за вашата љубопитност ќе бидат неколкуте места во центарот на градот кои нудат бескрајни хоризонти на истражување.

 

Македонската градска архитектура е со препознатлив стил. Гевгелија на почетокот на ХХ век бележи изградба на повеќе зданија кои се зачувани до денес и кои сеуште претставуваат репрезенти на богатото културно наследство.

 

Народната библиотека Гоце Делчев сместена на почетокот на градското шеталиште се наоѓа во самиот центар на градот. Зградата е изградена од мајстори од Дебар во 1912 год., по нарачка на некој Турски ага. Се претпоставува дека овој мајстор бил баран и од други стари чорбаџии, така што до ден денес Гевгелија ја красат конаци изградени од негова рака (Сеизов конак, Андреев конак).

Најстара црква во градот е црквата Св. Спас. Се претпоставува дека е изградена во почетокот на деветнаесеттиот век. До 1912 година истата била повеќе пати доградувана. Во поново време покрај црквата е изграден конак со соби за спиење на верниците кои престојуваат во градот.

Црквата Св. Кирил и Методиј се наоѓа во близина на шеталиштето во градот, поточно на неговата јужна страна, изградена е 1895 година. Најмасовна посета таа остварува на Велигден кога секој граѓанин доаѓа да го одбележи Христовото воскресение.

Националната установа Музеј – Гевгелија се наоѓа во просториите на Владовиот конак изграден во 1900 година и се наоѓа до главната пошта во Гевгелија. Тој поседува богата и специфична археолошка збирка, која денес брои околу 4500 музејски предмети. Дел од репрезентативните експонати се изложени во постојаната археолошка поставка „Вардарски Рид со околните наоѓалишта”.

 

Таа поставка содржи околу 350 предмети, кои потекнуваат од епохите на Неолит (4500 год. Пр.н.е., Железно време 1000 – 500 год. Пр.н.е., Предримскиот период, односно времето на Македонскиот империјализам 500 – 168 год. Пр.н.е. и римскиот период од крај на II до IV век н.е. Цело ова богатство, кое е дел од културното наследство на Гевгелија и Република Македонија можете да го видите во изложбените сали на Музеј - Гевгелија.

Галерија

Повеќе...
Мапи

Турист инфо

Туристичко – информативен центар

ул. Маршал Тито бб
 +389 34 215 944

 

Општина Гевгелија
За Општина Гевгелија
Историја на општината
Како да се дојде?
Положба во Југоисточна Европа
Гевгелија во Македонија
Како да се стигне?
Што да се види?
Градот Гевгелија
Населени места
Локалитет Смрдлива вода
Ски центар Кожуф
Ловиште Милисин
Негорски бањи
Локалитет Вардарски рид
Манифестации
За манифестациите
Календар на културни манифестации
Сместување
Ресторани и пицерии
Забава
Кафулиња
Клубови
Казина
Мапи
Туристичка мапа на општината
Градска мапа
План на градот
Галерија
За нас
ТИЦ
Промотивен материјал
Контакт
Дизајнирано од Klik Web Studio