Метео

Курс

Држава Валута Среден курс
EUR 61.50
USD 43.40
GBP 70.46
CHF 48.99
Казина

КАЗИНО АПОЛОНИЈА
КАЗИНО ФЛАМИНГО
КАЗИНО ПРИНЦЕС
ПОВЕЌЕ...
Сместување

ХОТЕЛ АПОЛОНИЈА
ХОТЕЛ КАЗИНО ФЛАМИНГО
ХОТЕЛ КАЗИНО ПРИНЦЕС - РАМАДА ПЛАЗА
ХОТЕЛ ПЕЛАГОНИЈА
ПОВЕЌЕ...
Ресторани и пицерии

РЕСТОРАН БОКО
РЕСТОРАН ЕЛИТА
РЕСТОРАН АСТОРА
ПИЦЕРИЈА ЕЛДОРАДО
ПИЦЕРИЈА БАКАРДИ
ПИЦЕРИЈА ЕНЏОИ
ПОВЕЌЕ...

За манифестациите

Неколку информации за дел од многубројните манифестации што се одржуваат во нашиот град:

 Саем на книгата – Матична библиотека „Гоце Делчев”: Саемот на канигата се одржува секоја година во месецот февруари, во организација на библиотеката  „Гоце Делчев” од Гевгелија. На овој саем се претставуваат повеќе издавачки куќи од Македонија, а тука посетителите можат да најдат книги по пониски цени.

(Слика од Саемот на книгата)

Априлијада – Оваа манифестација се организира по повод Денот на шегата Први април. Децата од градинките и основните училишта  преправени во пеперутки, принцези, бетмени, лекари, цвеќе, сонца и што ли уште не, со многу смеа го преплавуваат градот со насмевка и весела детска парада, а исто така имаат и претстава во Пионерскиот дом.

(Слика од Априлијадата)

Велигденска саемска манифестација: По повод Велигденските празници во Пионерскиот дом во Гевгелија, се одржува Велигденска саемска манифестација посветена на книгата, цвеќето, велигденските јајца и изработки  и други содржини. Се организираат и креативни работилници за велигденски изработки.

 

(Слика од Велигденската манифестација)

 

Празнување по повод Св. Спас – заштитникот на градот: Секоја година на Спасовден во организација на Општина Гевгелија во  месец мај или јуни, се одржуваат бројни настани како што се концерти на хорот Гортинија, како и настапи на познати имиња од Македонија, разни ликовни изложби, како и трка на келнери, која привлекува големо внимание кај посетителите.

 

(слика од Спасовден)

 

“Топол културен бран”е манифестација која ја организираат општина Гевгелија и Министерството за култура на Република Македонија, и се одржува секоја година во месеците  јули и август. На оваа манифестација под мотото Гевгелиско културно лето, која трае четириесет дена, настапуваат фолклорни ансамбли не само од Гевгелија и Македонија, туку и од странство. Љубителите на културата можат да уживаат во театарски претстави, џез концерти, изложби на слики, концерти на духовна музика и наполитански песни. Ваквите музички дружења придонесуваат, не само за запознавање со културните традиции на другите држави, туку се и извонредна можност за започнување и на поголема меѓусебна економска соработка.

(слика од Топол културен бран)

Смоквијада: Традиционалната манифестација Смоквијада се одржува секоја година на крајот од месец август или почетокот на септември, во организација на здружението на граѓани Тера од Гевгелија. Местото на одржувањето на Смоквијадата е на Градскиот стадион, каде се натпреваруваат голем број на екипи во подготвување на слатко од зрели смокви. Манифестацијата започнува со дефиле на фолклорните групи и учесници, а додека учесниците го подготвуваат слаткото, на сцената се одвива богата културно-уметничка програма. На крајот се оценува слаткото, а за најдобрите следуваат награди.

(слика од смоквијадата)

Мултимедијален Арт фестивал "Бош":  Овој фестивал, во организација на Art Equilibrium – група на граѓани кои ја презентираат  слободната  уметност, се одржува секоја година во месец септември по три дена во чест на прерано починатиот актер од Гевгелија, Бошко Бозаџиевски. Овие три фестивалски денови се  исполнети со театарски перформанси, со графити сесии, многу музика, анимации, стрип работилница, слем поезија, експерименти, арт перформанси, кратки филмови итн.

(слика од Бош фестивалот)

Детска недела : Библиотеката “Гоце Делчев” и Домот на културата “Македонија” од Гевгелија, во рамките на светската недела на детето во месец октомври  ја реализираат  манифестацијата “Мојот детски шарен свет”. Во рамките на оваа манифестација  се одржуваат литературен и ликовен конкурс, ликовна работилница и натпревар на млади библиотекари. На литературниот и ликовниот конкурс учествуваат сите ученици од прво до осмо одделение од сите основни училишта од општината.

(слика од детската недела)

Манифестација по повод Општинскиот празник – 7 Ноември: По повод општинскиот празник 7 Ноември се организираат еднонеделни повеќе музички настани, концерти, меѓу кои и традиционалната фолклорна смотра која секоја година привлекува голем број љубители на фолклорот. Исто така, се одржува и  традиционалната изложба на Друштвото на ликовни уметници каде се претставуваат гевгелиските  сликари и склуптори презентирајќи ги своите уметнички дела.

(слика од седмоноемвриска културна недела)

Галерија

Повеќе...
Мапи

Турист инфо

Туристичко – информативен центар

ул. Маршал Тито бб
 +389 34 215 944

 

Општина Гевгелија
За Општина Гевгелија
Историја на општината
Како да се дојде?
Положба во Југоисточна Европа
Гевгелија во Македонија
Како да се стигне?
Што да се види?
Градот Гевгелија
Населени места
Локалитет Смрдлива вода
Ски центар Кожуф
Ловиште Милисин
Негорски бањи
Локалитет Вардарски рид
Манифестации
За манифестациите
Календар на културни манифестации
Сместување
Ресторани и пицерии
Забава
Кафулиња
Клубови
Казина
Мапи
Туристичка мапа на општината
Градска мапа
План на градот
Галерија
За нас
ТИЦ
Промотивен материјал
Контакт
Дизајнирано од Klik Web Studio